Quantcast
Channel: Daily.MK - Спорт Денес
Viewing all articles
Browse latest Browse all 24

Роналдињо пристигна во Дубаи, Робињо не

$
0
0

На тимот на Милан во Дубаи денеска со директна чартер линија од Сао Паоло требаше да му се приклучат сите четворица бразилски фудбалери, Но пристигнаа Пато, Тиаго Силва и Роналдињо... Од неутврдени причини не се појавил Робињо, и тоа токму на денот кога во италијанските медиуми осамна негово интервју во кое уверува дека е неизмерно среќен во Милан и дека на Сан Сиро сака да остане во следните десет години. Интересно е и тоа што со Роналдињо со авионот во Обединетите Арапски Емирати слетал исто така и неговиот брат и агент Роберто де Асис, кој допатувал се со цел со потпретседателот на Милан, Адријано Галијани да разговара за иднината на својот брат и клиент, кој е на чекор од кам бек во матичниот Гремио од Порто Алегре. Следните денови со тимот на Милан за новите предизвици ќе се подготвува и новото засилување на водечкиот тим во Серија А, Антонио Касано.

Viewing all articles
Browse latest Browse all 24

Latest Images

Trending Articles



Latest Images